Како да е направен од лего коцки: Погледнете како изгледа најшарениот станбен блок во Украина!

28 септември, 2020
легоград

Овој мал утописки кварт во Киев е исто толку шарен, колку што е и удобен

Малата област на Киев која го носи името “Comfort Town“ или “Град на удобноста” дефинитивно не недостасува во боите. Од птичја перспектива, изгледа како еден вид утопија.

Оваа област е создадена како станбен проект на архитектонската фирма „Архиматика“, а се градела 11 години.

Распространет е во поранешната „индустриска зона“ и е изграден со цел да има еден станбен блок во Киев што може да се продаде во случај на криза.

Ова беше постигнато со создавање пријатна и привлечна околина за нејзините жители, што ја потсетува оваа населба на „ Лего град“

Зградите се убаво обоени со комбинации на светли и пастелни бои, а просторите се поделени со мали улици и зелени површини во внатрешноста на блокот.

Навистина е многу пријатно да се живее во оваа област

„Комфорен град“ има и сопствен малопродажен комплекс од 4.500 квадратни метри, теретана од 4600 квадратни метри и спортски објект на отворено од 1,5 хектари. Исто така има и кафулиња, продавници и канцеларии кои се наоѓаат на пониските катови на станбени згради.

Покрај тоа, архитектите успеале да зачуваат поголем дел од зелените површини во станбениот комплекс и да ги обноват старите структури, како што се чешми за вода и мали скулптури.

Ако веќе составувате „постпандемични“ планови за патувања, и сте љубител на лего коцки или сте само љубопитен патник кој сака да посетува необични места, оваа населба во Киев е вистинската дестинација за вас.