Конечно земаа здив: Париска улица во која станарите не можеа да јадат во мир

29 април, 20200
париз

Пред една година, жителите на париската Rue Crémieux побараа од градските власти да им обезбедат врата за да ги затворат улиците за да се одбранат од куп инстаграмери кои ги претворија нивните животи во пекол.

Како што велат, најлошо е за време на викендите и навечер, во „волшебниот час“, кога доаѓаат орди на туристи да го снимат зајдисонцето. Притоа, тие позираат под прозорците сè додека не снимат совршен кадар, а тоа може да потрае.

Причината зошто Rue Crémieux е толку популарна е затоа што куќите се со карактеристични, пастелни бои што ги прават да изгледаат како некаков вид на бонбони. Улицата ги инспирира фотографиите да се облекуваат во складни бои, да вежбаат или да прават јога за да снимаат кадри што ќе донесат што повеќе лајкови.

“Ние дури и не можеме да јадеме во мир затоа што два часа се снима музичко видео или нешто се слави, затоа мораме да слушаме врева со часови. Искрено кажано, сите овие настани нè исцрпуваат”, вели еден од станарите.

Градските власти ги игнорираа молбите на жителите на фрекфентната улица во Париз, бидејќи таа е јавна област, така што тие не можат да го ограничат пристапот до минувачите, но за време на карантинот, тие можат барем да земат малку здив и да живеат во мир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi