Љубителите на чоколадо сега имаат свој хотел: Ова е местото каде што ќе ги сонувате вашите најслатки соништа

1 октомври, 2020
cokoladni-butik-hotel-foto-facebook-830x0

Замислете дека сè околу вас е во знакот на чоколадото…

Хотел бутик посветен на љубителите на чоколадото е отворен во британскиот град Борнмут. Во овој хотел, кој, како што се очекува, се вика „Чоколадо“, сè е опремено да личи на омиленото благо – од sидови, мебел, визит карти, завеси, теписи… до чоколадо во сите форми што им се на дофат на гостите.

Во секоја соба има фонтана со чоколадо, како и пакет изненадување во кој, се разбира, сè е направено од чоколадо.

Една ноќ чини околу 4.000 динари, а дегустацијата на чоколадо и десерти се наплатува одделно. Гостите исто така можат да научат како да прават чоколадо; за да ја совладате оваа вештина, потребно е да одвоите уште 4.000 динари, а секој учесник е должен да понесе со себе околу дваесет пралини од чоколадо што ќе ги направи сам.

Другите часови вклучуваат правење украси од чоколадо, правење чоколадни чевли, како и дегустација на чоколадо и вино.

Пред пандемијата на корона вирусот, бутичкиот хотел „Чоколада“ понуди уникатен курс – класа за правење чоколадни колачи. Овој час трае 59 минути, чини 59 фунти (околу 6.500 динари), а секој учесник може да понесе со себе три мини торти што ќе ги направи на крајот од курсот.

escort - Korsan taksi