Најубавото одморалиште во Јужна Африка: Camps Bay е синоним за бело песочна плажа и луксуз (ФОТО + ВИДЕО)

13 август, 20200
plaza

Camps Bay е предградие на Кејп Таун (Јужна Африка), а во исто време е, според многумина, најубавото одморалиште во овој дел на Африка.

Сместено е на бреговите на Атлантскиот Океан и станува сè попопуларна дестинација и кај домашните и од странските туристи.

Погледот на море, зајдисонце и уживање на плажа преку целиот ден е императив за секој што останува на ова магично место секое лето.

Camps Bay е едно од најживите и најмодерните предградија во Кејп Таун и нуди разновидни активности.

До пред само неколку децении, ова беше недопрен природен рај, а денес е популарна туристичка дестинација, особено погодна за сите љубители на морски спортови.

Самите брегови на Camps Bay нудат голем број луксузни хотелски комплекси, како и шармантни куќи за гости кои обезбедуваат врвен одмор и уживање во убавините на Африка.

Симболот на Camps Bay се плажите покриени со бел песок што ги опкружуваат палми, а паралелно со плажите има огромно шеталиште и булевар со бројни кафулиња, бистроа и ресторани специјализирани претежно во медитеранската кујна, но и многу други.

Ова предградие е популарно место за познатите личности, но неодамна стана омилено место и за локалното население, како и за меѓународните туристи кои доаѓаат тука да уживаат во прекрасните плажи и модерните ресторани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi