Патувања на кои го ризикуваат животот: Колку поопасно, толку подобро!

11 септември, 2020
e44e0fc49d357935ddac63d3e44a5905d3a8624f

Точно, короната не е виновна за овој опасен тренд, бидејќи паровите минатата година започнаа да се сликаат во неверојатни пози кои го одземаат здивот. Оваа година, сепак, тие отидоа предалеку.


Видовме фотографии на кои младите инфлуенсери се сликани на кран на сто метри над земјата. Многумина, сакајќи да ја направат најдобрата слика, загинаа. Сепак, со цел да привлечат внимание, многумина се подготвени да направат сè.

https://www.instagram.com/p/CEQk8OCshup/?utm_source=ig_embed

Дека овие слики се многу популарни најдобро покажува фактот дека овој тренд е прифатен и дека многумина го искористија ова лето за да поминуваат време во природа. Освен што промовираат здрав живот и исхрана, многумина се обидоа да направат и „луди“ фотографии.


Не постои закон што може да ги спречи луѓето да се фотографираат во опасни пози. Сепак, факт е дека многу од овие слики се лажни, бидејќи под свитканите нозе има земја на која можат да се потпрат оние што фотографираат. Сечењето на фотографијата дава впечаток дека тие се над карпата.