Посетете ја чудесната градина Miracle Garden во Дубаи!

3 мај, 2020
gradina 1

Секоја година милиони разнобојни пупки процветуваат во Miracle Garden во Дубаи. На ова место сите чуда се возможни, а фантазијата е бескрајна, благодарение на чудесните скулптури кои ја красат оваа градина од ноември до мај.

Јунаците на Дизни, животни, куќички, срциња и многу други чуда живеат тука уште од 2013 година и станале голема туристичка атракција која не се пропушта.

Градините добиле две Гинисови награди- за најголема вертикална бавча и за најголема зелена скулптура. Се работи за авион  Erbus A 380 кој гордо ја претставува и моќната национална авиокомпанија.

Наградена е и највисоката скулптура од зеленило и цвеќе, 18 метри високиот Мики Маус, за кого се потрошени околу 100 илјади билки и тежи околу 35 тони!