Рај на вода : Базени за кои влезницата претставува ситница – под услов да успеете да дојдете до нив

2 август, 20200
bazeni

Кањон, топли извори, пештери, гејзери и базени се само дел од атракциите во мексичкиот Grutas Tolantongu…

Ако на листата со држави кои сакате да ги посетите се наоѓа Мексико освен главниот град, можете да го посетите Grutas Tolantongo, кој е одалечен од него околу три часа возење. Кањон, топли извори,пештери, гејзери и базени се само некои од атракциите кои ќе ве дочекаат.

Иако многубројните туристи овде одат за да се бањаaт во еден од базените со природна изворска вода, ова место им нуди многу повеќе. На располагање се многубројните активности како трекинг, пливање во базени, одење по висечки мост, посета на водопад или бањање во термалната река.

Реката која тече низ кањонот се вика исто како и кањонот -Tolantongo. Со своите 20 Целзиусови степени е пријатно топла, а со реката, најголема атракција се и двете пештери на затворениот дел на кањонот од кои тече мала, вулкански греена, река која тече низ кањонот.

За сите оние кои сакаат овде да поминат неколку дена на располагање освен хотел имаат и камп во кој можат да престојуваат во срцето на природата. За опрема не се грижете бидејќи за разлика од други кампови овде, за само 120 мексикански пезоси, можете да изнајмите шатор за двајца.

Ако се одлучите на патување, немојте да заборавите готовина , зошто ќе останете гладни и жедни – единствено плаќање во цел парк е готовина.

Секако, уживањето во оваа убавина има своја цена, за влезница во овие базени ќе платите 150 мексикански пезоси. Цената е поефтина од повеќето термални бањи во Хрватска. На влезницата додајте ја и цената за автобуски карти од Molanguita кој е одалечен 8 километри од паркот, а е појдовна точка кон истиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *