Тајните на Велигденскиот остров: Како го добил своето име и што претставуваат статуите?

9 јуни, 20200
103834258_681739036007214_8364638858725579868_n

Камените скулптури со векови привлекуваат внимание. Сигурно сте слушнале безброј пати за Велигденскиот остров во Јужниот Пацифик и тајните поврзани со статуите кои се наоѓаат на него.

Го открил холандскиот морепловец Јакоб Рогвен на Велигден 1722 година, по што островот го добил своето име. На локалниот јазик, Велигденскиот остров е познат како Рапа Нуи, а на шпански како Исла де Пасква. Велигденскиот остров, кој се наоѓа на околу 3600 километри западно од Чиле, е еден од најпознатите ненаселени острови во светот, а она што е интересно е што се состои од три вулкани – Поике, Рано Кау и Теревака.

  • Население

Иако населението на островот своевремено броело околу 4.000 луѓе во средината на 19 век, депортациите на робови и болести го намалиле населението на само 110 луѓе.

Денешното население е комбинација на потомци на домородците и новодојденци од Чиле и има 3.791 жители, од кои скоро 90% живеат во главниот град Ханга Роа.

  • Скулптури

Камените статуи од Велигденскиот остров се познати низ целиот свет. Тие се наоѓаат долж брегот. Овие Моаи скулптури биле создадени во фрактурите на кратерот Рано Раку, а се карактеризираат со специфичен изглед – претставени се само во форма на глава, со скратено тело. Не е јасно кој ги изградил статуите на Моаи, кога и зошто, но се претпоставува дека тие се стари меѓу 400 и 1000 години. Повеќето скулптури се високи  3,5 метри, но има и такви што се високи дури 12 метри.

Еве ги тајните кои ги кријат статуите на велигденскиот остров:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi