Колку се подготвени хакерите да платат за твојот профил или профилот на твојата девојка на Фејсбук или Инстаграм?

5 август, 2020
хакери

Истражувањето го спровела компанијата Privacy Affairs, анализирајќи стотина огласи на дарк веб, место на кое хакерите рутински разменуваат украдени податоци. На таа основа тие успеале да ја откријат просечната цена на различни видови украдени лозинки.

Украден Фејсбук профил чини во просек околу 74, 5 долари, додека Инстаграм профилот вреди нешто помалку- 55,45 долари. За Твитер профил потребно е да издвоите 49 долари.

Лозинките на профилите на социјалните мрежи се претежно евтини, а со помош на хакерите може да се дознаат многу корисни информации, кои можат да се искористат за разни измами, како и кражби на идентитетот.

За Gmail сметка ќе ви понудат нешто повеќе- околу 155 долари. Измамите преку слубени e-mail адреси на компании во 2129 година чинеле 1.7 милијарди долари. Друго истражување покажало дека преку 90 посто од измамите на Интернет потекнуваат од мејл адреси.

За украдена PayPal сметка хакерите се подготвени да издвојат 320 долари.

Изненадувачки, но вашата Visa или Diners сметка чини од 15 до 30 долари.

На корисниците на онлајн сметки им се препорачува да ги менуваат своите лозинки често за да им ја отежнат работата на криминалците.