ВРВ! Паметна заштитна маска што помага во комуникација на осум јазика!! БРАВО!

4 август, 20200
паметна маска

Јапонскиот роботски стартап Donut Robotics создаде паметна заштитна маска за лице, опремена со високо-технолошки опции кои имаат за цел да им олеснат на луѓето да комуницираат и да се дистанцираат за време на пандемијата.
Оваа паметна маска работи во комбинација со мобилната апликација C-Face Smart која нуди мноштво опции. C-Face Smart може да го засили гласот на корисникот на маската или да го преведе говорот на осум различни јазици: јапонски, кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански и француски.


Маската е дизајнирана да се носи над стандардна маска за лице, бидејќи има провев за дишење кои ја намалуваат неговата заштитна функција против вируси. Затоа е најдобро да имате обична заштитна маска под неа, објаснува Таисуке Он, извршен директор на Donut Robotics.
Направена е од бела пластика и силикон, паметниот капак има вграден микрофон кој се поврзува со паметниот телефон преку Bluetooth, на растојание до десет метри, пишува Си-Ен-Ен.
Donut Robotics првенствено разви софтвер за превод за робот наречен Cinnamon, но поради пандемијата, овој проект беше ставен во мирување. Тогаш јапонските инженери дојдоа до идеја да го користат својот софтвер за да развијат паметна маска.
Првиот бран на дистрибуција на оваа маска се очекува во Јапонија, а до декември ќе бидат достапни 5000 до 10 000 маски, пренесува „Кликс“. Маската ќе чини помеѓу 40 и 50 долари, со дополнителна претплата за апликацијата.
Сепак, маските нема да бидат достапни надвор од државата до април 2021 година, иако постои голема можност тие да се појават порано во Соединетите држави и Велика Британија заради големиот интерес на јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi