Пет работи кои натпросечно интелигентните луѓе ги прават поинаку

1 април, 20200
1_OFY5yw1SfIkNO0BlaYFSHg

Не мора да знаеме колкав е нечиј коефициент на интелигенција за да заклучиме дали таа личност е натпросечно интелигентна. “Лумените” можеме да ги препознаеме по работи кои тие луѓе ги прават поинаку од останатите.

1. Ги преиспитуваат и најтврдокорните мислења и верувања
Интелигентните луѓе не веруваат на сè што ќе слушнат. Ги доведуваат во прашање традицијата, верувањата, етичките норми, целото општество во кое живееме, всушност  сè што постои. Не земаат ништо здраво за готово и не се поведуваат со масата, туку за се размислуваат критично и темелно истражуваат пред да создадат лично мислење.  

Не веруваат во сè што ќе слушнат на вести или од било која авторитетна фигура. Натпросечно интелигентните луѓе можат да детектираат лага и не допуштаат другите да си играат со нив или да ги стават во агол. Догмата, т.е. принципите кои се претставуваат како непобитна вистина, за нив не значат ништо- тие имаат мислење какво што сакаат да имаат и го следат сопствениот животен пат.

2. Интелигентните луѓе никого не креваат во облаци
Луѓето со натпросечна интелигенција ретко имаат идоли и ретко бараат некој да ги води низ животот. Тие знаат дека знаењето кое го бараат и кое им е потребно можат да го пронајдат во самите себе. Свесни се дека од секоја личност може да се научи нешто во животот, но исто така свесни се дека и самите не знаат се.

Никој не ги знае сите одговори и затоа натпросечно интелигентните луѓе во никого не гледаат идол. Самите себе се доживуваат како лично гуру кое има доволно мудрост и сила да се снајде во секоја ситуација.

3. Тие се во постојана потрага по знаење
Личностите со висок коефициент на интелигенција никогаш не се задоволуваат со она што го знаат – секогаш трагаат по нови знаења и искуства. Уживаат да го прошируваат својот ум и да се впуштаат во интелигентни разговори секогаш кога имаат прилика.

Интелигентните луѓе се фасцинирани од знаење и зависни се од истото- не се задоволуваат со наученото зашто на тој начин нивниот ум би стагнирал. Сфаќаат дека знаењето е моќ и затоа сакаат да се наоружаат со што е можно поголема ментална муниција.

4. Своите мисли ги претвораат во дела
Натпросечно интелигентните луѓе знаат дека мислите и идеите не значат ништо без акција. Ако сакаат да успеат нешто во животот, разбираат дека она што го знаат мора да го применат на конкретни дела. Од вашите мисли нема никаква корист доколку не ги поделите со другите и доколку не ги користите за со нив да придонесете нешто за светот, па интелигентните луѓе секогаш гледаат начин каде би можеле да го применат нивното знаење.  

Нема да допуштат ништо да им застане на патот во нивното настојување да го променат светот на најдобар начин користејќи го нивното знаење. Осмислувањето на новите планови со кои ќе ги постигнат нивните цели им дава големо задоволство.

 5. Ја знаат вредноста на времето поминато сами со себе во тишина
Повеќе од сè, луѓето со висок коефициент на интелигенција ја знаат вредноста на времето поминато сами со себе во тишина.

Светот е толку брз, па се чини дека воопшто не се става акцент на“да се биде”. Сите мораме да делуваме, работиме, произведуваме, да се движиме, да заработуваме. Не поминуваме доволно време во размислување, чувствување, сакање…
Заради тоа натпросечно интелигентните луѓе поминуваат колку што е можно повеќе време сами со себе и со своите мисли зашто знаат колку е важно да зарониме длабоко во себе за да ги пронајдеме сите одговори. Дури и ако во тој момент не бараат одговори и понатаму се свесни за важноста на времето кое го  поминуваме сами, далеку од вревата која не опкружува, бидејќи тоа ни помага да се ослободиме од стресот и да го регенерираме умот, телото и душата.

Натпросечно интелигентните луѓе имаат одлична врска сами со себе и знаат дека таа врска е темел за се останато во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi