АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ СПОРЕД рецептот на Џејми Оливер толку меко, вкусно и едноставно! (РЕЦЕПТ)

26 септември, 2020
pancakes-2801959_1920-1300x867-1

Џејми Оливер знае многу трикови за совршени американски палачинки, но најбрзата и најлесната варијанта е онаа што ја подготвува со своите ќерки.

За совршени американски палачинки, потребна ви е една чаша, една лажица и само основните состојки.

Во рецептот на Џејми Оливер за брзи американски палачинки, нема одвојување на белки од жолчки, нема мерења, нема посебни состојки, сè е едноставно до степен до кој дури и дете да може да ги подготви.

Но, тоа не значи дека се помалку вкусни

Состојки:

1 чаша брашно

1 чаша млеко

1 јајце

1 лажичка прашок за пециво

Подготовка:

Убаво изматете ги сите состојки. Подмачкајте ја тавата за палачинки со две капки масло и ставете ја на шпорет на тивок оган. Кога ќе се загрее, ставете три лажици од смесата и оставете ја палачинката да се пече. Кога ќе почнат да се појавуваат „меурчиња“ на краевите, свртете ја палачинката и печете додека не добие златно-кафеава боја.

Послужете со јаворов сируп, овошје и мед, боровинки и слатка павлака. Направете комбинација по ваш вкус. Американските палачинки подготвени на овој начин може да се јадат и во солена комбинација или со солен фил.

escort - Korsan taksi