Брз и чоколаден мус без млеко: Здрав, кремаст и просто неодолив – за кратко време ќе стане вашиот омилен десерт
1 јули, 20200
Потребни состојки:
- Една чаша (250 мл) несолени индиски ореви
- Пет – шест исчистени урми
- Три до четири лажици какао во прав
- 1/3 чаша стопено кокосово масло
- ½ чаши вода
- ½ лажички екстракт од ванила
Подготовка:
Ставете ги сите состојки освен водата во блендер и добро изблендирајте. Потоа додадете вода и продолжете да блендирате додека не добиете ретка смеса. Доколку е потребно, додадете малку повеќе вода. Истурете џем од малина или јагода во помали чинии (ќе го направите така што овошјето ќе го издинсате 20 минути со додавање на шеќер и потоа ќе го испасирате со помош на миксер или блендер). На дното и преку џемот истурете ја мус смесата. Оставете да отстои во фрижидер еден час.
На здравје!