Дали знаете дека можете да направите McFlurry сладолед од McDonald’s? Ви требаат само 3 состојки

9 април, 20200
sladoled

Постојат различни вкусови, а твојот омилен можеш сама да го направиш без проблем.

Кога ќе видите колку е лесно да го направите дома, нема повеќе да копнеете по McDonald’s. Една девојка сподели рецепт за McFlurry со Oreo бисквити, но ако претпочитате друг вкус, само заменете го Орео со Кит Кат или што и да сакате.

Потребни се само три состојки, дури и најголемите анти-таленти за кујна можат да го подготват.

Потребни состојки: Пакување Орео бисквити, кондензирано млеко и слатка павлака.

Кондензираното млеко не е толку лесно да се најде во продавница, но вие може да го направите за помалку од 5 минути. Растворете путер (1 лажица) и измешајте во блендер со топла вода (65 ml), шеќер во прав (50 g) и млеко во прав (100 g). Мешајте додека смесата не се соедини.

Кога ќе го направите вашето кондензирано млеко, измешајте го внимателно во сад со слатката павлака. Прво ставете половина од голема слатка павлака (250 мл е голема) и пробајте – ако е доволно благо, застанете и ако не, додадете го остатокот од павлаката.

Вториот чекор е да ги ставите Орео бисквитите во некоја кеса за чување храна, да ја затворите и да ги “истепате” бисквитите доволно добро за да се издробат целосно.

Издробените бисквити додадете ги во смесата со млеко и павлака и нежно промешајте.

Смесата ставете ја во замрзнувач 4 до 5 часа за да се стегне.

По желба може да додадете дополнителни парчиња Орео бисквити или да украсите. Изгледа идентично како од McDonald’s.

Не чекајте, направете го веднаш!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi