Десерт прогласен за еден од 50-те најдобри на светот: Арапски палачинки со крем сирење (РЕЦЕПТ)

27 октомври, 2020
232335_shutterstock-288837395_ls

На списокот со 50-те најдобри деликатеси во светот на американскиот Си-Ен-Ен има десерти како што се турска баклава, австриска штрудла од јаболка и германска „црна шума“, како и арапски катајеф , што најдобро се опишува како мали палачинки полнети со крем сирење, суво овошје и ореви, често со додавање на розова вода и цимет.


Состојки за qatayef asafiri

1 чаша брашно

1 чаша гриз

2 лажички шеќер

1 лажичка прашок за пециво

1/2 лажичка инстант сув квасец

¼ лажички сол

2 и 1/2 чаши топла вода

1/4 чаша мелени ф’стаци

Мед по желба

Ashta

1 лажица гриз

1,5 лажици скроб

1 чаша млеко

1 лажичка екстракт од ванила

2 лажици маскарпоне

1/2 шолја тост или леб без кора исечена на коцки

Подготовка:

1. Ставете ги сувите состојки за арапски палачинки во сад, а потоа додадете вода и промешајте, покријте го и оставете го да отстои 30 минути. Тестото треба да биде поретко од она за нашите палачинки.

2. Подгответе го Ашта. Измешајте гриз, брашно од скроб и 1/4 чаша млеко и ванила. Загревајте на шпоретот, додавајќи го остатокот од млекото, мешајќи додека не стане густо и пенливо. Потоа додадете маскарпоне и добро мешајте додека не се соединат, а потоа додадете ги коцките леб и оставете да се изладат.

3. Загрејте тава и истурете 2 лажици од смесата за палачинки. Печете додека не се појават меурчиња и рабовите не можат да се одделат. Палачинките не треба да се вртат, доволно е да ги печете само од едната страна.

4. Околу секоја палачинка ставете лажица мешавина од сирење, спојте ги рабовите и превртете ги во сецкани ф’стаци. Истурете мед по желба.

escort - Korsan taksi