Домашен ЗДРАВ сладолед од само 3 СОСТОЈКИ, готов за 2 минути (РЕЦЕПТ)

15 септември, 2020
sladoled-1536x1152

Освежување за топлиот септември

Иако навлеговме длабоко во месецот на дожд и ветер, есента сè уште не нѐ погодила со својата депресија во вистинска смисла, а освежување за топлите денови сè уште се бара.

Ова е одличен рецепт за сладолед кој ќе ве воодушеви со својата едноставност, но и со својот вкус.

И што е најважно, потребни се само две минути за да го подготвите.

Состојки:

1 пакување замрзнато шумско овошје

½ л јогурт

Мед по желба

Подготовка

Во блендер измешајте го замрзнатото овошје, додадете јогурт и мед по желба. Ставете ја смесата некое време во замрзнувач и вашиот десерт е подготвен.

Пријатно!

Овој сладолед можете да го направите од секаков вид овошје.

escort - Korsan taksi