Еве како славниот готвач Џејми Оливер подготвува поширани јајца

3 април, 20200
posirani jajca

Славниот готвач ја сподели со своите пријатели и следачи тајната на одличните поширани јајца …

Пошираните јајца се одличен појадок – вкусни, кремасти, хранливи и практични. Скоро секој готвач има свој метод на подготовка, а подолу ви го откриваме рецептот на познатиот Џејми за подготовка на овој совршен оброк.

Направете кратка пауза од варени, пржени и јајца на око и уживајте во овој брз и лесен појадок!

Припрема:

1. Во голем сад наполнете вода до половина, додадете малку сол и загревајте на средна температура.

2. Скршете го јајцето во чаша и нежно натопете го во водата со едно движење. Повторете го процесот со сите јајца и почекајте да се зготват. Ако сакате жолчките да ви бидат ровки, извадете ги јајцата после две минути варење, во спротивно почекајте најмногу четири минути. Времето за готвење зависи и од големината на јајцата, но и од тоа дали сте ги извадиле од фрижидерот пред тоа.

3. Земете едно јајце и лесно притиснете го со лажица. Ако ви се чини премногу меко (водете се според вашите инстинкти на готвење), повторно ставете го во вода уште една минута.

4. Извадете ги пошираните јајца од водата и ставете ги на хартиени крпи за да ја отстраните течноста што е вишок, а потоа поставете ги на тост, додајте сол и бибер по потреба.

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi