Идеален есенски ручек! ПИЛЕШКО во ароматичен сос од ДУЊА! (РЕЦЕПТ)

16 ноември, 2020
292673_x3_f

Израдувајте ги домашните

Состојки:

10 пилешки батаци

2 дуњи

2 главици кромид

Корен од ѓумбир 2см

Прстофат шафран

1 лажичка лута пиперка

0,5дл пилешка супа

50гр путер

100гр суво грозје

2 лажици маслиново масло

2 лажици жолт шеќер

Сол, бибер

Подготовка:

Зачинете ги батаците со сол и бибер од сите страни, а потоа динстајте ги во путер на средна температура. Повремено свртете ги, кога кожата ќе добие златна боја, истурете чаша супа, додадете ѓумбир, крупно исечен кромид, семе од коријандер и лута пиперка. Нека врие уште 10 минути, а потоа истурете го остатокот од супата. Излупете дуња и исечете ја на парчиња или коцки, па пржете ги на маслиново масло со суво грозје, цимет и шеќер неколку минути, доколку е потребно додадете малку путер. Кога течноста во која батаците се крчкаат речиси испари, истурете ги дуњата и суво грозје, додадете шафран, сол и бибер. Нека врие уште 10 минути.

Пријатно!

escort - Korsan taksi