Индијански леб: Едноставен рецепт што го воодушеви и Џејми Оливер

16 мај, 20200
leb

Лебот на Навахо е еден од рецептите кој најмногу се впишува во пребарувачите на интернет низ САД од почетокот на карантинот, како заради вкусот, така и затоа што е лесно да се подготви и не се потребни многу состојки.

Овој печен леб е длабоко вкоренет во традицијата на еден од најголемите индиски народи северно од Мексико – народот Навахо. Нивниот леб, познатиот готвач Џејми Оливер го опишува како спој помеѓу индиската наана и мексиканската тортилја, која се јаде во секое време од денот. Тие се јадат слатки или солени, или попрскани со шеќер или се комбинираат со месо и зеленчук.

Рецепт на Џејми Оливер за леб од Навахо

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 2 лажици прашок за пециво
  • 6 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • По желба, суви зачини: мајчина душица, оригано, босилек …

Подготовка:

1. Измешајте брашно, прашок за пециво, сол и зачини (ако користите). Во средина истурете го маслиновото масло и околу 150 мл млака вода. Промешајте и додадете повеќе вода по потреба.

2. Тестото месете го за 5 до 10 минути, а потоа пренесете го во сад и посипете со малку брашно и оставете го да отстои.

3. Поделете го тестото на 10 топчиња, потоа подмачкајте ги рацете и притиснете ги со дланките за да ги израмните и истегнете ги со прстите. Пржете ги во врело масло, накратко од секоја страна додека да добиете златно кафеава боја. Можете исто така да ги испечете на скара или тава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi