Како да направите домашни чоколадни трошки: Толку едноставно, а вкусот е 10 пати подобар од купените! (РЕЦЕПТ)

8 октомври, 2020
230425_shutterstock-149493215_ls

Совршени за украсување домашни десерти

Идејата да направите сами чоколадни трошки може да изгледа апсурдно, особено затоа што е познато дека можеме да ги купиме во скоро секоја продавница по многу разумни цени. Како и да е, ако ви недостасуваат трошки а треба да украсите слатки или само сакате да научите како сами да ги подготвувате, вие сте на вистинското место!

Домашните трошки од чоколадо се многу поголеми од купените, но нивниот вкус е значително побогат и поубав.

Еве два рецепти, и за двата ќе ви треба слаткарски шприц со многу тенок врв или уште подобро, медицински шприц:

1. Чоколадни трошки од вистинско чоколадо

Потребно ви е чоколадо за готвење. И обичното чоколадо ќе биде доволно за да ја завршите работата, бидејќи е полесно за работа. Најважно е да е на собна температура, да не е ниту премногу тврдо ниту премногу меко.

Загрејте го чоколадото да се растопи, оставете го да се излади за да не биде ретко, па префрлете го во шприц и направете тенки „стапчиња“ на плех обложен со хартија за печење, што подоцна ќе го ставите во фрижидер. По приближно 30-40 минути, прачките лесно ќе се одлепат од хартијата и ќе бидат подготвени за употреба. Сега останува само да ги скршите и да добиете вкусни, домашни трошки од чоколадо!

2. Трошки од шеќерна глазура

Подгответе 500 гр шеќер, 250 мл вода и какао, во зависност од тоа колку темни трошки сакате. Промешајте ги првите две состојки и варете ги со постојано мешање. Кога ќе добиете густ сируп, додадете какао и измешајте повторно. Почекајте смесата да се олади и направете трошки од неа на идентичен начин на хартија за печење, која потоа ја ставате во фрижидер и подоцна ги кршите.

Уживајте!

escort - Korsan taksi