Какво совршенство! Испробајте го овој божиќен џин според овој едноставен англиски рецепт!

14 ноември, 2020
39a9a17914cc489a0885

Сијалички, елка, украси, песни … Божиќ е незамислив без традиционални одлики, а меѓу нив има и омилени топли напитоци за возрасни.

Вареното вино за многумина е на врвот на листата вкусни голтки за сезоната на празници, а во последниве години, варениот џин исто така започна да му конкурира.

Рецептот е доволен за четири лица.

via GIPHY

Состојки:

100 мл џин

400 мл сок од јаболко

½ исечен ловоров лист

4 чешниња 2 семе од кардамон, лесно смачкано (или кардамон во прав)

1 мало стапче цимет

За украсување:

Ловоров лист

2 преполовени парчиња лимон

Подготовка: Распределете го џинот рамномерно во четири чаши отпорни на високи температури.Истурете го сокот од јаболко во тенџере и додадете ги сите други состојки. Содржината ставете ја нежно да зоврие со мешање, па процедете ја. Дистрибуирајте го зачинетиот и топол сок од јаболко во чаши со џин и нежно мешајте за да ги споите течностите заедно.

escort - Korsan taksi