Киноа салата: Одличен избор за вкусна вечера

13 мај, 20200
kinoa 1

Состојки:

  • 200 гр киноа
  • 300 гр моркови
  • 300 гр замрзнат млад грашок
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици соја сос
  • 2 јајца
  • 1 црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 пролетен кромид
  • 200 мл пире од домати

Подготовка:

  1. Киноата ставете ја на густо сито и пуштете млаз ладна вода, добро да се исплакне за да не биде горчлива… Ставете вода двојно повеќе од количината на киноата и варете 20 минути. При крајот изгаснете го огнот и чувајте ја уште 5 минути, и тогаш е готова.
  2. Ситно исецкајте го црвениот кромид и испржете го во маслиновото масло, додадете ситно сецкан лук, потоа исечканите моркови и замрзнат грашок и гответе ги 10 минути. Потоа ставете го зеленчукот на едната половина на тавата, изматете ги јајцата со вилушка и додадете ги во другата половина од тавата и полека измешајте ги јајцата и зеленчукот, додадете киноа, соја сос и пире од домати … додадете сол, бибер, чили, вегета по желба.

На крај додадете исечен пролетен кромид и сецкан магдонос.

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi