Коцки со чоколадо и кафе: совршена комбинација која се топи во уста!

16 мај, 20200
мока

Потребни состојки за кора:

115 гр путер

50 гр шеќер

5 лажици какао

Лажица инстант кафе

1 изматено јајце

100 гр мелени бисквити

100 гр сечкани бадеми

50 гр кокос

Потребни состојки за фил:

115 гр стопен путер

5 лажици слатка павлака

2 лажици инстант кафе

240 гр шеќер во прав

2 лажици пудинг во прав (ванила)

Состојки за чоколаден прелив:

2 лажици путер

170 гр чоколадо

Какао во прав за посипување

Подготовка:

На пареа истопете ги путерот и шеќерот и додадете го какаото во прав. Во тоа додадете изматено јајце, мешајте една минута да се соедини масата. Тргнете го од оган, додадете ги смелените бисквити, бадемите и кокосот. Измешајте добро и ставете го во сад/калап 20×20 и израмнете ја добро масата.

Изматете ги пудингот во прав, путерот, слатката павлака и инстант кафето додека не добиете мазна смеса. Мешавината ставете ја преку смесата за кора и добро израмнете ја со шпатула.

Истопете го чоколадото со путерот на тивок оган, оставете го малку да се излади и ставете го преку филот.

Готовиот колач ставете го во фрижидер најмалку 3 часа за да се стегне. Сечете го на еднакви коцки.

На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi