Кој е за чизкејк од Нутела? Имаме рецепт кој ќе ги задоволи и најголемите љубители на слатки!

21 септември, 2020
нутела наслов

Крајот на неделата е резервиран за голема доза на слатко, а рецептот во кој Нутелата е главна ѕвезда го сподели со нас Јелена Параџиковиќ

Додека и чизкејкот и Нутелата се одлична идеја сами по себе, тие звучат уште подобро кога ќе дојдат во комбинација. Ваквата комбинација би ги воодушевила и најголемите љубители на слатки, а ја сподели со нас Јелена Параџиковиќ, во чии слатки рецепти сме уживале повеќе пати, а сите сакаме да го следиме нејзиниот Инстаграм профил. Работната недела е пред нас, и секогаш е резервирана за (дополнителна) доза слатко, затоа уживајте во рецептот на Јелена.

Состојки за бисквитот

  • 70 гр маргарин (стопен)
  • 300 гр мелени бисквити
  • 2 лажици Несквик
  • 100 мл млеко

Состојки за кремот

  • 500 гр сирење маскарпоне
  • 50 гр шеќер во прав
  • 4 лажици Нутела
  • 500 мл слатка павлака

Состојки за прелив

  • 150 гр млечно чоколадо
  • 60 гр чоколадо за готвење
  • 100 мл слатка павлака

Подготовка

За подлогата измешајте мелен бисквит со Несквик и додадете стопен маргарин и млеко. Кога ќе измешате сè, притиснете го на хартија за печење што ја ставате во калапот. Ставете го во фрижидер додека го подготвите кремот.

Измешајте го маскарпонето со шеќер во прав. Во друг сад, измешајте ја слатката павлака, не ја матете премногу. Полека додадете ја изматената слатка павлака во маскарпонето. Кога ќе ги соедините поделете го кремот на два дела, оставете еден дел каков што е и на другиот дел додадете четири лажици Нутела и измешајте.

Ставете го темниот крем врз бисквитот, а потоа и белиот. Ставете го во фрижидер да се излади.

escort - Korsan taksi