Крем супа од пченка: Неверојатно вкусна, и ќе ве засити до крај! (РЕЦЕПТ)

21 јули, 2020
supa

Состојки:

  • 1 црвен кромид
  • 2 лажици масло
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • 200 грама варена пченка (конзервирана или замрзната)
  • 1 лажичка сол
  • половина лажичка бибер
  • 300 мл млеко
  • 200 мл вода
  • 1 лажица сирење маскарпоне
  • лута црвена пиперка по желба

Подготовка:

  • Исечете го кромидот на еднакви парчиња и испржете го во загреано масло.
  • Додадете сол и пржете уште неколку минути додека не омекне, повремено мешајќи.
  • Кога кромидот ќе омекне, додадете лажичка црвенн пипер и промешајте.
  • Веднаш додадете ја пченката, промешајте и полијте со млеко и вода.
  • Варете и ако сакате, додадете мелени лути пиперки.
  • Оставете ја да зоврие, а потоа намалете ја топлината и варете ја 10 минути.
  • После тоа, внимателно измешајте ја супата.Вратете ја на рингла, додадете лажица сирење од маскарпоне и варете додека сирењето не се стопи.