Криминално добар ручек: Омилените тестенини на Тони Сопрано!

14 август, 20200
сопрано

Јадењата на готвачката на Тони Сопрано се едноставни и оригинални.

Еве еден рецепт за фетучини примавера, а бидејќи станува збор за голема порција, би било идеално да ја поделите со некого.

Состојки:

  • 4 лажички путер
  • 2 моркови средна големина
  • 1 шолја цветови од брокула
  • 1 шолја шпаргли
  • ½ шолја свеж или замрзнат грашок
  • 1 шолја павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • 10 листови босилок исецкан на линии
  • 1/2 кг тестенини фетучини
  • 1 помала шолја изрендан кашкавал

Подготовки:

1. Ставете голем сад со вода на оган и додадете сол по вкус. Ставете ги исечените брокули и шпарглата да се варат 1 минута. Потоа извадете ги од вода и добро исцедете ги. Водата оставете ја во садот.

2. Земете голема тава и во неа стопете го путерот на средно силен оган. Додадете ги исецканиот кромид и морков, мешајте повремено околу 5 минути или додека не се омекнат.

3. Додадете ги брокулите и шпарглата во тавата, заедно со грашокот и павлаката за готвење. Зачинете по вкус со сол и бибер.

4. Измешајте го босилокот и исклучете го оганот.

5. Во водата во садот која сте ја оставиле на страна ставете ги тестенините и гответе додека не се сварат. Потоа извадете ги, исцедете ги и додадете ги во тавчето.

6. Додадете го изренданиот кашкавал и добро измешајте. Послужете веднаш.

Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi