Ладен десерт: мус од јагоди и бадеми
15 мај, 20200
Состојки:
1 л слатка павлака
2 кесички ванилин шеќер
1,2 кг свежи јагоди
300 г сечкани бадеми
50 г чоколадо за готвење
Подготовка:
Слатката павлака добро разладете ја, па сматете ја во цврст снег. Потоа додадете ги ванилиниот шеќер, сечканите бадеми и јагодите исечени на четвртина, па измешајте полека со миксер.
Добиената маса сервирајте ја во декоративна чаша и украсете со бадеми, јагоди и рендано чоколадо.
Десертот се послужува ладен.