Лажна баклава: Сочна торта со ореви (РЕЦЕПТ)

25 октомври, 2020
5261133_screenshot-6_ls

Иако повеќето се борат да ја намалат количината на шеќер, некои домаќинки тврдат дека се прави само шербет во сооднос – половина шеќер, половина вода – вистински шербет

Многу домаќинки знаат сличен рецепт, под разни имиња, заедничко е што станува збор за одличен десерт за кој не се потребни премногу напори, ниту пак состојките се нешто што тешко може да се најде.

Состојки:

600мл вода

1 чаша (од 200мл) шеќер

3-4 кришки лимон (може и повеќе)

За тесто:

5 јајца

1 чаша шеќер

1 чаша млеко

½ чаша масло

2 чаши мелени ореви

1 чаша пченичен гриз

2 чаши брашно

1 лажичка прашок за пециво

Подготовка:

Прво подгответе го сирупот – варете ги шеќерот и водата пет минути, додадете го лимонот и оставете да се излади.

Вклучете ја рерната на 200 степени и подмачкајте го плехот со масло и брашно.

Изматете ги јајцата со шеќер и измешајте ги сите други состојки. Печете околу 35 минути, можеби малку подолго. Истурете го изладениот сируп врз врелата торта, одозгора можете да посипете со мелени ореви. Оставете го да впие и уживајте во вкусниот колач. Ако сакате посочен, направете повеќе сируп. Иако повеќето се борат да ја намалат количината на шеќер, некои домаќинки тврдат дека се прави само шербет во сооднос – половина шеќер, половина вода – вистински шербет.

escort - Korsan taksi