Мафини со боровинки од три состојки: Без брашно и совршен вкус!

18 август, 2020
mafini

Ова е рецепт кој ќе ве остави без здив

Состојки:
  • 4-5 банани
  • 180 г путер од кикирики
  • 150 г боровинки
Подготовка:
  • Во голем сад здробете ги бананите со виљушка. Колку се позрели бананите толку повкусни и послатки ќе бидат колачињата.
  • Во здробените банани додајте путер од кикирики. Наместо кикирики можете да користите и путер од бадеми, лешници и слично.
  • Во смесата додајте боровинки и добро измешајте.
  • Ставете ја смесата во калап за печење мафини, па печете 18-20 минути на 180 степени Целзиусови.
  • Оладете ги мафините пред послужување.