Одличен и за оние кои се на диета: Брз чоколаден колач без брашно од само три состојки! (РЕЦЕПТ)

6 декември, 2020
Screenshot_1

Ако сакате нешто слатко, а се грижите за секој залак што го јадете или очекувате гости и немате многу време, оваа торта е одлично решение.

Состојки:

175гр темно чоколадо

7 јајца

140гр путер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 130 степени Целзиусови. Со хартија за печење обложете го плехот за торта. Скршете го чоколадото на коцки и стопете го на пареа, а кога ќе се стопи, додадете путер на коцки. Мешајте додека не се стопи.

Изматете ги жолчките и додајте ги, нежно мешајќи во изладената мешавина од чоколадо и путер. Во друг сад изматете ги белките во цврст снег, а потоа додавајте лажица по лажица во првата смеса. Нежно мешајте додека не стане еднолично, истурете го во подготвениот плех и покријте го со фолија. Ставете го овој плех во поголем сад за печење, исполнет со топла вода до половина од калапот.

Печете околу 25 минути, додека површината не се покрие со крцкава кора и средината остане мека. Оставете да се излади и украсете со овошје по желба.

escort - Korsan taksi