Одличен за вечера: Медитерански намаз од масликнки. Брзо и вкусно!

6 август, 2020
Namaz-od-maslina

Зборот “оброк” понекогаш звучи премногу комплицирано.

И што да подготвите сега?!

А гладни сте.

Намаз од црни или зелени маслинки, сосема сигурно, нема да Ве остави рамнодушни.

Состојки:

150гр црни или зелени маслинки (без семки)

2 лажици маслиново масло

1 чешниња лук

1 лажица сок од лимон

Подготовка:

Ставете ги исцетените маслинки, маслиновото масло, сокот од лимон и лукот во блендер. Сето ова измешајте го додека не добиете хомогена смеса, а потоа пренесете ја смесата во сад и вашиот намаз е подготвен.

Можете да го послужите со препечен леб, тортилја-чипс, солени крекери или како намаз за сендвичи. Одлуката зависи од Вас, ние Ви дадовме идеја.