Оригинален рецепт за најубавиот МУС ОД ЧОКОЛАДО: Поранешниот готвач на кралицата Елизабета откри долго чувана тајна (РЕЦЕПТ)

29 септември, 2020
chocolate-30195851920-830x0

Кремасто и неодоливо!

Дарен МекГрејди, поранешен готвач на кралицата Елизабета и покојната принцеза Дајана, откри рецепт за подготовка на мус од чоколадо во чиј вкус и божествена текстура уживаа членови на британското кралско семејство.

Наведените количини се доволни за подготовка на мус за четиричлено семејство.

Состојки:

600гр црно чоколадо

500мл слатка павлака

3 жолчки

3 белки

1 лажичка инстант кафе

1 лажици виски

1 лажица зовриена вода

Подготовка:

Растопете го чоколадото во сад на пареа. Во друг сад, промешајте го инстант кафето во малку зовриена вода. Со миксер изматете ги жолчките и стопеното чоколадо, а потоа додадете ги вискито и кафето.

Во посебен сад изматете ја слатката павлака. Исто така, во посебен сад изматете ги белките додека не станат цврст снег.

Во чоколадниот крем додадете ја изматената слатка павлака, потоа додадете ги белките и мешајте со шпатула додека не се соединат состојките и мусот добие соединета боја.

Истурете го мусот во чинии за сервирање и ставете го во фрижидер најмалку три часа. Потоа украсете по желба пред да послужите.

escort - Korsan taksi