Освежете се во претстојните летни денови: Рецепт за домашен сок од јагоди без конзерванси

1 јуни, 20200
јагоди

Со овој рецепт ќе добиете густ сок без многу шеќер, во поголема количина, совршен за разладување во лето.

Состојки:

  • 5 кг. јагоди
  • 500 гр. кристален шеќер (100гр. на 1 кг. јагоди)
  • 1 лимон
  • 1,5 до 2 литра вода, по желба

Припрема:

Добро измијте ги јагодите, исчистете ги и изблендирајте ги во блендер или со рачен миксер. Ставете ги во поголемо тенџере, додадете ги шеќерот и лимонот, и потоа додавајте вода до посакуваната густина на сокот. Гответе ги така околу 10-тина минути, сѐ додека не почнат повеќе да вријат. Загрејте ги претходно измиените шишиња за сок, и во такви топли шишиња сипете го жешкиот сок. Добро затворете ги и оставете ги да се изладат. Вашиот сок е готов, уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi