Ова сè уште не сте го пробале: РОЛАТ од јајца, сирење и шунка, се прави за само 15 минути и е неверојатно вкусно (РЕЦЕПТ)

14 ноември, 2020
jaje-kuhinja-1536x1024

Ако сте љубител на омлети, можеби ќе ви се допадне вакво нешто

Кога станува збор за појадок, повеќето луѓе избираат проверени опции.

Јајцата се најчестиот избор, заедно со шолја јогурт или кафе.

Сепак, можеби ова утро би можеле да пробате нешто малку поразлично, особено ако ви одземе само петнаесет минути, лесно е да се подготви и неверојатно вкусно.

Во оваа феноменална ролна со јајца не оди брашно, па затоа е идеално за оние кои се на диета, а еве што ви треба:

1 јајце

1 белка

30гр рендан кашкавал

Малку павлака или крем сирење

Шунка или пилешки гради

Магдонос

Подготовка:

Изрендајте го кашкавалот и додадете едно јајце и белка. Изматете добро со вилушка додека не се соедини, па истурете на хартија за печење.

Печете неколку минути (добро е да го вклучите вентилаторот дополнително да се исуши), а потоа, кога смесата ќе биде фино воздушна и цврста, извадете ја од рерна, премачкајте со павлака или крем сирење, додадете шунка или пилешки гради (во зависност од тоа што имате во фрижидер), ставете магдонос, или некоја салата што ви се допаѓа (можеби сецкани пиперки, домати и слично), завиткајте во ролна и послужете со шолја јогурт.

И тоа е тоа, целата наука во обична ролна што ќе ги воодушеви сите домаќинства, ќе ги задржи сити, без брашно.

Пробајте и кажете ни како ви се допаѓа.

escort - Korsan taksi