ОВАА ТОРТА ЌЕ ВЕ ФРЛИ ВО ТРАНС: „Црн принц“ е десерт пред кој и кралевите би се поклониле! (РЕЦЕПТ)

28 ноември, 2020
Screenshot_5

Воздушна и пенлива, а сепак полна со вкус, оваа торта е вистинскиот избор за викендот – ќе го воодушеви вашето семејство и ќе бараат повеќе. Чоколадната дива наречена „Црн принц“ е вистинска експлозија на вкус, но и мирис. Погледнете го рецептот подолу:

Состојки:

250гр брашно

250гр кисело млеко

50гр какао

300гр шеќер

3 јајца

1 лажичка сода бикарбона

1 лажичка прашок за пециво

4 лажици масло

600мл слатка павлака

100гр темно чоколадо

50гр путер

Подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот додека смесата не се зголеми двојно, а потоа додадете кисело млеко и масло. Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и какаото, а потоа измешајте ги сувата и влажна смеса.

Можете да ја печете мешавината црн бисквит во подмачкан и набрашнет тркалезен калап за торта одеднаш или двапати. Проверете со чепкалка за заби кога бисквитот е готов.

Бисквитот, ако сте го печеле одеднаш, исечете го на четири дела, или на два дела, ако сте го печеле два одделни бисквити.

Измешајте ја слатката павлака, па премачкајте го секој дел од бисквитот. Оставете малку да ја премачкате целата торта. Стопете ги чоколадото и путерот, а потоа истурете ја чоколадната глазура над тортата. Изладете добро пред сервирање.

escort - Korsan taksi