Пет кобни грешки при подготвка на скара: Еве зошто не ви испаѓа добро!

21 јуни, 20200
153835_shutterstock-637157941_ls

За да се испече квалитетно парче месо, неопходно е да се избегнат грешките со кои се соочуваат многу почетници.

Не го маринирате доволно месото

Скарата ќе биде повкусна ако ја маринирате во масло и зачини неколку часа пред печењето. Најдобро е да го направите ова вечерта пред подготовката на месото.

Избегнувате дополнителни маснотии

Не толку масното  месо, како пилешкото, ќе се залепи за решетките од скарата ако не премачка дополнително со масло.

Ставате ладно месо на скара

Исто како што не стававте ладен бифтек во тава, така треба и маринираното месо  да биде оставено на собна температура пред да го ставите на скарата. На овој начин, месото ќе се пече подобро и ќе има подобра боја.

Премногу често го вртите месото

Откако ќе го ставите парчето месо на скара, вртете го и преместувајте го што помалку.

Не дозволувате месото да се одмори

За да може да ги изедначите соковите во месото и да го направите парчето месо сочно, потребно е да се „одмори”. Кога месото ќе биде готово, завиткајте го во алуминиумска фолија и оставете да отстои. Алуминиумската фолија ќе ја задржи топлината, а парчиња месо ќе имаат вкус одличен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi