Пилешко со сушени сливи! Специјалитет кој ќе го обожавате, еве како да го подготвите! (РЕЦЕПТ)

14 октомври, 2020
1276817_profimedia0197975284_ls

Вкус кој не се заборава

Состојки:

700гр пилешко месо

Малку сол

Малку мешан зачин

50гр обарена сланина

16 суви сливи

2 компири

Малку лута суџук пиперка

Малку маслиново масло

50мл слатко бело вино

Подготовка:

Ставете ги сливите во тенџере со вода и варете ги кратко, само додека не зоврие водата. Извадете ги од водата и пресечете ги на половина по должина.

Сварената сланина исечете ја на тенки парчиња. Додадете сол во пилешкото и тријте со мешавина од зачини, а потоа поткренете ја кожата колку што можете.

Вметнете листови од сланина и половини суви сливи под кожата.

На крај, затворете го пилешкото со метален стап или чепкалка за заби, за да не истекува полнењето за време на печењето. Измијте ги компирите, излупете ги, исечете ги на кругови и зачинете ги со сол и лута суџук пиперка.

Ставете малку маслиново масло во глинен сад, наредете ги зачинетите прстени од компир и на крај ставете го полнето пилешко.

Премачкајте со малку маслиново масло и вино. Покријте го глинениот сад и ставете го во рерна на 190 степени и печете 60 минути.

По 60 минути, откријте го глинениот сад, свртете го пилешкото и печете уште 10 минути, а потоа свртете го повторно, така што горната страна да се запече и печете 5 минути.

escort - Korsan taksi