Погачи со оригано и лук: Подобри и од кифлички, меки дури и следниот ден! (РЕЦЕПТ)

29 декември, 2020
237591_shutterstock-1617844882_ls

Ако сакате да месите кифлички или некои други колачи, ова е вистинскиот рецепт за вас.

Воздушното и меко тесто, како и неодоливиот мирис на оригано ќе ги направат овие колачи ваш омилен појадок уште при првиот залак! Колачи со лук, ким, оригано и маслиново масло одат добро со грчки јогурт, а може да ги јадете и следниот ден откако ќе ги направите.

СОСТОЈКИ:

1кг брашно

2 јајца

1/2л млеко

1дл вода

1,5дл масло

1 коцка свеж квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1 јајце за премачкување

1дл маслиново масло

4 чешниња лук (ситно исечкан)

Оругано или некој друг зачин по желба

1 лажичка ким

ПОДГОТОВКА:

Во малку топло млеко додадете шеќер и раскршен квасец. Оставете петнаесет минути да се стопи квасецот и да започне да расте. Во меѓувреме, искршете ги јајцата. Додадете млеко, вода, шеќер, сол и масло. Додадете го квасецот па сè мешајте лесно.

Постепено додавајте брашно и месете го тестото со рацете. Кога ќе престане да се лепи за вашите раце, тестото е подготвено. Оставете го во сад и премачкајте го со малку масло за да не се исуши неговата површина. Покријте го садот со влажна крпа и оставете го на собна температура околу 2 часа, да нарасне.

Кога тестото ќе нарасне, формирајте 12 топчиња со приближно иста големина. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да отстојат уште триесет минути. Топчињата премачкајте ги со едно изматено јајце и печете ги на 180 степени додека не добијат златна боја.

Кога погачите ќе се испечат, премачкајте ги со маринада од маслиново масло, ситно сецкан лук и оригано. Оставете ги погачите да ја впијат марината, посипете ги со ким и послужете ги додека се топли. Уживајте во вкусните погачите и аромата што ќе ја исполнат целата куќа.

escort - Korsan taksi