Полнети мекици: Најдобро домашно пециво на Балканот! (Рецепт)

4 август, 20200
225069_20200803-142409_ls

Состојки:

15гр квасец

2 јајца

кора од лимон

300 мл млеко

1 кафена лажичка шеќер

650-700гр брашно

малку сол

крем за полнење

Подготовка:

Искршете го квасецот во малку млако млеко со шеќер и оставете го да надојде. Додадете го остатокот од млекото и јајцата и изматете со жица. Додадете кора од лимон, брашно, сол и замесете меко тесто.

Покријте го тестото и оставете го на собна температура да надојде. Подмачкајте ја работната површина со малку масло, а потоа ставете го тестото. Развлечете кора со дебелина од 1,5 см.

Исечете ја кората на правоаголници. Ставете 1 лажичка крем на средина, преклопете два пати и добро затворете од сите страни. Наредете во подмачкан послужовник и оставете тестото повторно да надојде околу 15 минути.

Пржете ги во длабоко масло.

На крајот поросете ги со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi