Поминете ја петочната вечер со филм и начос: Еве како можете да го направите популарниот чипс дома (РЕЦЕПТ)

6 ноември, 2020
7c2098d91558352e395f

Подготовката е брза и лесна, така што нема да стоите долго во кујната.

Начоси или тортиља чипс, потекнува од градот Пиедрас Неграс во Мексико. Еден ден во 1943 година, неколку жени на американски војници пристигнаа во еден џентлменски ресторан и бидејќи веќе беше крај на работното време тие побараа да им се подготви нешто што е едноставно и брзо да се подготви.

Сопственикот, Игнасио „Начо“ Анаја, немал доволно состојки за да подготви специфично јадење – имал само неколку тортиљи, малку рендано сирење и пиперки Јалапежо.

Во еден момент, тој смисли рецепт: ги исече тортиљите во триаголници, ги посипа со рендано сирење и малку пиперки и ги стави заедно во рерна неколку минути. Жените беа воодушевени од оваа нова закуска и многу брзо рецептот се прошири низ цела Америка.

Денес, 6 ноември, начосите го слават нивниот ден! Покрај тоа, петок е идеален ден за гледање филмови и серии подолго време, затоа ви донесовме рецепт што можете да го искористите за да ги подготвите дома.

Состојки:

1 шоља пченкарно брашно

1 шоља обично брашно

½ ќесичка прашок за пециво

По 2 лажички: сусам, ленено семе и сончогледови семки

1 лажица маслиново масло

Млака вода

Малку сол

Подготовка:

Замесете го тестото од брашно, семиња, вода и маргарин. Поделете ја смесата на топчиња и оставете да нарасне половина час.

Расукајте ги топчињата на хартија за печење за да добиете тенка кора. Исечете мали триаголници, па печете ги на 150 степени околу 30 минути.

Направете сос од јогурт и лук, сос од домати или најпознат мексикански сос – гвакамоле и уживајте!

escort - Korsan taksi