ПОСНИ (ВЕГАН) РОЗЕН КОЦКИ: Најдобар рецепт за омилената торта со ореви!

20 декември, 2020
Screenshot_1

Веганска / посна торта што нѐ потсетува на детството – Ова е најдобриот рецепт за розен коцки!

Торта што се топи во уста и предизвикува спомени од детството.

Ви донесовме рецепт за вашите омилени розен коцки во посна или веганска верзија!

Сигурно ќе ви се допадне комбинацијата на сочна и крцкава структура, како и аромата на ореви во тортата.

Состојки:

Кора:

120гр масло

200гр жешка вода

300гр шеќер во прав

500гр брашно

100гр брашно за поросување

1 лажичка сода бикарбона

Прстофат сол

Фил:

300гр мелени ореви

200гр бадемово млеко

200гр шеќер (или  јаворов сируп)

3 лажици сок од лимон

200гр идниски оревчиња (потопени во вода преку ноќ)

Глазура:

250гр шеќер во прав

2 лажици жешка вода

1 лажица масло

2 лажици сок од лимон

1 лажичка сок од малини (за боја)

Подготовка:

Замесете го тестото за корите, поделете го на 7 еднакви делови. Расукајте во тенки кори од 1-2 мм. Печете во загреана рерна на 180 степени 3 до 4 минути (важно е кората да не се исуши). Покријте ги испечените кори со хартија за печење, завиткајте ги во кујнски крпи и ставете ги во ќеса.

Корите може да се подготват неколку недели однапред.

Потопете ги индиските ореви во вода и оставете неколку часа или преку ноќ. Процедете ги и изблендирајте ги исцедените ореви во каша. Ставете ги на страна.

ПРелијте ги со топло бадемово млеко мелените ореви и шеќерот.

Измешајте ги двете мешавини и додадете сок од лимон.

Глазура:

Додадете ги сите состојки во шеќерот во прав и добро измешајте за да направите мазна густа смеса.

Ако сакате зелена глазура, додадете спирулина.

escort - Korsan taksi