Рецепт за ајвар кој е толку вкусен што ќе го снема уште пред зимата

16 август, 20200
гвхбн


Состојки:

10 кг пиперки

3 големи модри патлиџани

Масло 5децилитри

5 лажици сол

1 лажица шеќер

1 лажичка чили во прав

Постапка: Печете пиперки и модри патлиџани на скара (ако имате можност) или дома во рерната. Потоа ставете големо тенџере и покријте – да се спарат,така е многу полесно да се отстрани кожата. Следниот чекор, откако ќе се излади доволно,да можете да ги држите во рацете, е да ги излупите пиперките и модриот патлиџан и да ги отстраните семките. Вооружете се со трпеливост затоа што може да трае, особено ако кожата на некои парчиња не сака лесно да се раздели.

Потоа ставете го излупениот зеленчук да се исцеди добро. Пресметајте дека ќе ви одземе околу три часа. Мелница за месо е совршена за мелење. Ставете го мелениот зеленчук во големо тенџере и варете на тивок оган. Ајварот треба да се меша постојано полека. По 20 минути, полека истурете по1 дл масло, а потоа на секои 20 минути 1 дл додека не се искористи целото масло. Важно е маслото да не лебди на површината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi