Дури и оние кои не се љубители на карфиол ќе бидат воодушевени од овој рецепт

14 октомври, 2020
1327109


Карфиолот е ризница на здравјето, велат експертите, така што дефинитивно треба да се најде во менито на сите оние кои ја следат својата диета. Антиоксидансите од карфиолот го намалуваат влијанието на слободните радикали, штетните молекули поврзани со карциномот, а оваа супер здрава храна е богата со витамини и минерали, богата е со растителни влакна и има детоксикативно дејство. Дури и ако не сте љубител на карфиол, овој рецепт може да ве натера да го сакате


Состојки

1 голем карфиол (1,4 кг) – исчистен и исечен на помали парчиња

½ чаши маслиново масло

½ лажички сол

⅓ чаши сецкани маслинки (без семки)

1 чешне лук (мелен)

1,5 лажици свеж сок од лимон,

⅛ лажички чили

115 гр панцета или сланина исечена на коцки

¾ лажички семе од ким

½ чаши грубо рендан или исечен пармезан

¼ чаши сецкан свеж магдонос или нане + за украсување

Подготовка

1. Загрејте ја рерната на 220 степени. Распоредете ја карфиолот на плех за печење и истурете преку 1/4 чаша маслиново масло и зачинете со сол.

2. Печете 15 минути. Во меѓувреме, во мал сад, комбинирајте ги маслинките, лукот, сокот од лимон, чилито и малку сол. Истурете ја преостанатата количина маслиново масло и измешајте сè добро.

3. Откако карфиолот ќе се испече 15 минути, додадете сланина и семки од ким и нежно промешајте за да се комбинира сè.

4. Одозгора посипете пармезан и печете уште 15 до 20 минути, додека карфиолот не омекне и сланината и сирењето станат крцкави и златно-кафеави.

5. Посипете го карфиолот со соковите во кои се печел додека е уште врел. Доколку е потребно, додадете сол, сок од лимон и чили, а карфиолот послужете го на чинија со свеж босилек.

escort - Korsan taksi