Идеален десерт за есенските ноќи: Чоколаден колач со мандарини (РЕЦЕПТ)

3 ноември, 2020
kolac-mandarine

Пристигна постудено време, а што се однесува до овошјето, тоа значи дека малините, јагодите, лубеницата и грозјето треба полека да ги замениме со јаболка, портокали и мандарини. Ако сакате овошни колачи и торти, ќе ве воодушеви рецептот за чоколадна торта со мандарини.

Состојки:

5 јајца

1 ванилин шеќер

150 гр шеќер

200 гр брашно

1 прашок за пециво

2 лажици какао

1,5 дл сок од портокал

100 гр чоколадо

3 лажици млеко


Подготовка: Изматете јајца, ванилин шеќер и обичен шеќер со миксер во длабок сад. Додадете масло, брашно, прашок за пециво и какао, и сè добро измешајте. Истурете половина од смесата во плех за торта, кој претходно сте го подмачкале и попрскале со брашно, а потоа наредете ги цели мандарини. Истурете ја другата половина од смесата врз мандарините и целосно покријте ги со оваа смеса. Печете го колачот околу 35-40 минути на 180 степени. Откако ќе се испече, прелијте го со сок од портокал. За преливот растопете го чоколадото измешано со три лажици млеко и премачкајте го целиот колач. Оставете го да се излади во фрижидер половина час.

escort - Korsan taksi