Лосос во сос со спанаќ и домати!
24 септември, 2020
Одлично и вкусно, баш за во петок…
Состојки:
500 грама лосос
грст мини домати
200 грама свеж спанаќ
1 кромид
1 чешне лук
1коцка за супа од риба
200 мл крем за готвење
сол
пипер
сок од лимон
маслиново масло
Подготовка:
1. Измијте го лососот и исушете го добро. Пржете го лососот во маслиново масло околу 3 минути, а потоа оставете го за да биде топол.
2. Во истото масло изматете исечен кромид, лук и преполовени мини домати.
3. Додадете го кремот и супата од риба и зачинете го сосот со сол, бибер и сок од лимон.
4. Додадете лосос и спанаќ во тавата, покријте го и оставете го да врие 5 минути.