Најсочен и најмек ролат од пилешко: Рецепт кој МОРАТЕ да го пробате!

19 ноември, 2020
food-1631727_1920-696x464

За подготовка на ова јадење ви требаат 500 гр мелено пилешко месо, два моркови, еден босилек, едно чешне лук, три лажици трошки од леб, маслиново масло, три компири, рузмарин, сол и црвена пиперка.

Ставете го меленото пилешко во сад и додадете ги свежите босилек, лук и маслиново претходно исецкани на електричен блендер и трошки од леб. Измешајте сè добро. Потоа, поделете ја смесата на три еднакви делови и со прстите притиснете го секое парче од смесата за да формирате квадрат.

Ставете лажица до две рендани свежи моркови на средината од смесата и превртете го месото во ролна. Потоа завиткајте во хартија за печење што ја користевте како основа. Завртете ги врвовите на хартијата како бонбони. Повторете го истото со преостанатите два дела од смесата. Распоредете го завитканото месо на загреана тава во која додавате половина чаша вода, покријте и варете 10 минути, свртете го месото и варете уште десет минути.


Како гарнир, можете да зготвите компири исечени на парчиња, кои потоа ги ставате на подмачкана тава и додавате рузмарин, сол и црвена пиперка. Одмотајте го ролатот од хартијата за печење, исечете го на парчиња и послужете со компири

escort - Korsan taksi