Пригответе ги најкрцкавите пилешки крилца според рецепт кој го погледнаа повеќе од 18 милиони луѓе!

12 ноември, 2020
61983485-piletina


Дагангајеонг е име за корејско пилешко кое се обожава низ целиот свет, благодарение на тоа што е сочно и крцкаво, зачинето и многу вкусно. Ја обожава и Маангчи, неодоливо симпатична готвачка која неуморно собира нови обожаватели. Рецептот на Маангчи за пржено пилешко месо го прегледале повеќе од 18 милиони луѓе на Јутјуб, а меѓу реакциите се и тоа дека е „најкрцкавото пилешко“, јадење што е толку фино што предизвикува солзи радосници, и дека сосот е еден од најдобрите за пилешки крилца.

Состојки за корејско пилешко:

1600 гр пилешки крилца

1/2 лажиче сол

1/2 лажичка црвен пипер

1 лажичка сецкан ѓумбир

2/3 чаши брашно

1/3 чаша кикирики (по избор)

4 чешниња лук

3 до 4 лути пиперки (по избор)

1/4 чаша соја сос

1/2 чаша сируп од ориз или мед

1 лажица бел оцет

1 лажица сенф

1 лажица кафеав шеќер

1 лажица препечено семе од сусам

Масло за пржење

Погледнете ја целата постапка за приготвување:

escort - Korsan taksi