Шејк од урми и бадеми за почеток на денот: Може да биде и замена за појадок, а еве како се подготвува!
19 ноември, 2020
Слатко задоволство.
СОСТОЈКИ:
1.5 чаша млеко од бадем
четвртина чаша овесна каша
половина чаша урми
лажица мед
четвртина лажичка цимет
четвртина чаша кршен мраз
ПОДГОТОВКА: Ставете овесна каша во блендер, а потоа мешајте 30 секунди, за малку да се сомеле. Потоа додадете бадемово млеко, мед, исчистени и сецкани урми, цимет и мраз, и измешајте уште една минута или две, за да добиете густо и рамномерно смути. Ако сакате, разредете со малку повеќе млеко, истурете во чаши и послужете веднаш.