ТОРТА ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ! Чини само 250 денари, божествено е вкусна, а потребни ви се само 5 состојки (РЕЦЕПТ)

14 ноември, 2020
torta biskviti

Доколку сакате да му угодите на вашето семејство со вкусно задоволство, што брзо се подготвува, а на крајот е доста ефтино ние го имаме совршениот рецепт за вас. Станува збор за едноставна торта со банани и бисквити која е подготвена буквално за 15 минути, а во исто време е многу освежувачка и лесна.

Потребни состојки:

  • Кутија класични бисквити со путер
  • 6 банани
  • Половина литар слатка павлака
  • 200 грама шеќер
  • 200 мл. млеко

Исецкајте ги бананите што е можно поситно или изгмечете ги убаво, а потоа додадете слатка павлака и шеќер и сè добро измешајте. Додека ја мешате состојката постепено додавајте малку млеко, сè додека не се претвори во компактен фил.

Натопете го горниот дел од бисквитите во млекото, па наредете ги во плех за печење. Кога ќе редите истурете го добиениот фил од банана, а потоа покријте го со бисквити. Наредете на овој начин се додека не го потрошите целиот материјал или додека не ја добиете висината на посакуваната торта. Последниот слој треба да биде кремаст фил.

Украсете ја тортата со рендано чоколадо, шлаг или кругчиња од банана. Оставете во фрижидер најмалку три часа и по можност преку ноќ!

escort - Korsan taksi