ВКУСНА И СОЧНА: Посна торта со пире од костени и џем од кајсии (РЕЦЕПТ)

6 декември, 2020
312133_248650-kestentorta1-ff_ff

Костените се богати со диетални влакна, кои ги намалуваат мастите во крвта и содржат многу малку калории. Тоа е идеално задоволство за зимските денови, особено ако од нив се прави ваква торта.

Кора:

200 гр мелени ореви;

150 гр мед;

250 мл сок од портокал;

200 гр шеќер;

2 ванилин шеќер;

300 гр брашно;

1 лажица какао;

1 прашок за пециво;

100 мл масло ..

Полнење:

750 гр пире од костен;

50 гр џем од кајсија;

200 гр сецкани ореви;

3 лажици рум.

Глазура:

200 гр чиста чоколада;

1 лажица масло.

Измешајте ги сите потребни состојки за кората. Печете ја кората во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Кога кората ќе се олади, поделете ја на три дела.

Полнење: Комбинирајте пире од костен, џем, рум и измешајте, а потоа додадете сецкани ореви. Наредете ред кори, ред фил и одозгора прелијте со глазура …

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris